Home INFO Дарко Лазиќ приоритет: Човек направи скандал во болницата во Земун

Дарко Лазиќ приоритет: Човек направи скандал во болницата во Земун

фото: Инстаграм
реклама:G Natural

Пациентите во болницата во Земун, во која од 23 Октомври се лекува пејачот Дарко Лазиќ, се лутат на популариот пејач но и на докторите.

Скоро еден месец болницата буквално е под опсада од познаниците и обожавателите на Лазиќ. Оваа состојба е непријатна како за медицинскиот персонал, така и за пациентите и нивните фамилии.

Пациентите сметаат дека медицинскиот персонал повеќе внимание и нега му посветуваат на Дарко, додека останатите со помали повреди буквално ги прескокнувале.

Вработените во болницата го давале максимумот од себе за да го спасат животот на пејчот но и да ја сочуваат неговата приватност.

“Во првите денови од престојот на Дарко, семејството, пријателите но и претставниците од медиумите деноноќно престојуваа во болнцата. Тие денови кога животот на Дарко висеше на конец, атмосферата во болницата беше многу напната” – раскажал извор за српскиот Свет плус.

Тим од специјалисти деноноќно ја следел состојбата на Лазиќ. Останатите пациенти наводно биле незадоволни па низ болничките ходници се повеќе се слушале коментари дека Дарко има специјален третман само затоа што е познат.

“Неодамна се случи еден непријатен настан, па роднина на еден пациент направи скандал во болницата. Човекот беше револтиран од константната гужва по ходниците, па почна да вика на медицинскиот персонал. Луѓето се се повеќе незадоволни бидејќи се убедени дека лекарите им посветуваат помалку внимание во однос на она на Дарко. Но ова е сосема погрешно, на секој пациент му се посветува внимание на ист начин. Не е важно дали е некој стар или млад, богат или сиромашен, славен или анонимен, докторите имаат морална и професионална обврска сите да ги третираат подеднакво.
Но на пациентите им пречи константната гужва во болницата, особено што пријателите на Дарко почнаа да го окупираат и одделението за интензивна нега. Поради ова сега тоа одделние е под клуч” – додал изворот за Свет Плус.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------