Home INFO Децата и животните: кое милениче за која возраст е?

Децата и животните: кое милениче за која возраст е?

реклама:Велигден со Стаф

Нема дете кое додека е мало не сака да чува милениче. За среќа додека децата се мали, не одлучуваат дали и како ќе го чуваат миленичето.

Најчесто, посакуваат да чуваат маче или куче, но понекогаш и папагал или друго домашно милениче. Најдобро е да се смисли што е најдобро според возраста на детето и домашните услови, кои не секогаш дозволуваат чување било какво милениче. Возраста е важна, пред се за одговорноста на миленичето, да се чува, да се рани, да се негува. Најдобро е до две години, да немате милениче, освен ако сте го имале претходно, па има навики како да се однесува дома, а во тој случај детето ќе треба да се прилагоди на миленичето.

Папагалот не е препорачлив до трета, четврта година, затоа што во перјата има бактерија која штети на децата, а не се забележува.

Глодарите имаат специфичен мирис кој тешко се отстранува, а кај глодари се мисли на морско прасе, хрчак итн.

Мачето е вистинско домашно животно, кое брзо ги учи хигиенските навики и се припојува кон домаќинот. Но и мачето пред седмата година не е препорачливо, поради обврските кои ги носи и влакната кои ги остава, а понекогаш можат да бидат штетни за здравјето на детето.

riba
Фото: pixabay.com

Кучето е верен пријател, а за него е потребен двор, но може и во стан, а со тоа се добива обврска, два – три пати дневно носење надвор за нужда. Ако и на тоа се допдаде бањање, четкање и јадење, кучето е голема обврска за едно дете, ако вие ја споделите обврската, ви препорачуваме детето да има 8 години, да биде свесно за потребите на миленичето.

Ако вистински посакате да подарите било какво милениче, тогаш се препорачува аквариум со риби. Рибите се со најмала обврска, освен морските, кои сепак се поскапи и бараат повеќе внимание. Иако рибите не бараат посебни услови, потребна е посебна температура во аквариум, посебна храна и секако убаво уреден аквариум. Со рипчињата и малите деца ќе се занимаваат, а вие ќе ги одмарате очите.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------