Home INFO Денес и е роденден на кралицата Елизабета! За првпат ќе го прослави...

Денес и е роденден на кралицата Елизабета! За првпат ќе го прослави сосема поинаку

реклама:Велигден со Стаф

Кралицата Елизабета Втора, најславната Британка со најдолга историја на престолот, денес го слави својот 94. роденден.

Родена во 1926 година во Лондон, кралицата Елизабета застана на тронот на 25-годишна возраст по смртта на татко си, кралот Џорџ VI.

Таа официјално е британскиот монарх со најдолго владеење.

Поради состојбата во светот поради Ковид 19, Елизабета Втора побарала оваа година за време на прославата на нејзиниот 94 роденден да не биде одржана традиционалната почесна стрелба.

Ова ќе биде првпат за 68 годишното нејзино владеење, кралицата да испрати вакво барање. Роденденот на Елизабета Втора оваа година нема да биде одбележан на ниту еден посебен начин.

Дополнителна причина за ова одлука на Бакингемската палата е и фактот што членовите на Кралското семејство се самоизолирани на различни локации.

Кралицата е во Виндзор, Принцот Чарлс во Шкотска, додека принцовите Вилијам и Хари се во Норфолк и Лос Анџелес.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------