Home СПОРТ Ракомет Денеска стартува ракометната „треска“, за Македонија ден покасно

Денеска стартува ракометната „треска“, за Македонија ден покасно

реклама:Велигден со Стаф

За Македонија годинешното Европско првенство ќе биде шесто учество. Претходно, македонската машка репрезентација била дел од континенталните собири во 1998, 2012, 2014, 2016 и 2018-та. Последните пет првенства имаме континуитет.

Годинешното Европско првенство почнува денеска, со мечот Белорусија – Србија, а првиот меч нашата репрезентација го игра во Виена, утре, на 10-ти јануари, во рамките од Групата Б против Украина. Се очекува да стартуваме со победа. Мечот се игра во 20:30 часот.

Но, какво е претходното искуство? Без разлика на конечниот пласман, првите мечеви за Македонија секогаш биле најтешки. Во 1998-ма загубивме од Унгарија со девет голови разлика, 29:20. Имаше пауза од 14 години без европско, а потоа се вративме во 2012-та. Првиот меч реми против Шведска 26:26. Две години подоцна исто така реми, овој пат против Чешка 24:24.

Во 2016-та година во првото коло Македонија играше со силната Франција, а поразот беше со седум голови, 30:23.

Последното ЕП во 2018-та го стартувавме со победа против Словенија 25:24 и тоа е единствениот воведен меч која нашата репрезентација го добила на европските првенства.

ЕП 1998-ма

УНГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА 29:20

ЕП 2012-та

ШВЕДСКА – МАКЕДОНИЈА 26:26

ЕП 2014-та

ДАНСКА – МАКЕДОНИЈА 29:21

ЕП 2016-та

ФРАНЦИЈА – МАКЕДОНИЈА 30:23

ЕП 2018-та

МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 25:24

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------