Предизборната кампања започна, па кандидатите за претстојните локални избори побрзаа да ги претстават своите програми и ветувања.
Вчеравечер во Кисела Вода средба со граѓаните оствари Петре Шилегов, но она што остана во фокусот на јавноста е една од девојките која стоеше веднаш зад неговиот грб.
Имено додека Шилегов говори пред граѓаните за идните проекти, девојката зад него одеднаш падна.
На помош на и пристапија дел од присутните, и помогнаа да стане па беше однесена настрана од подиумот
Засега нема информации каква е состојбата на девојката и што точно се случило.