Home INFO Џејми Оливер изгубил 90 милиони фунти! Еве како!

Џејми Оливер изгубил 90 милиони фунти! Еве како!

реклама:Велигден со Стаф

Во разговорот со британски „Телеграф“ еден од најпознатите готвачи на светот открил дека за три години изгубил околу 90 милиони фунти.

Славниот готвач не крие дека изгубил брдо пари, бидејќи ги мешал задоволството и работата, а таа наивност го чинела десетици милиони фунти.

Отворено признава дека денес има листа на пријатели со кои повеќе никогаш нема професионално да соработува. Неговото богатство денес се проценува на 150 до 160 милиони фунти, а минатата година ја издаде новата книга рецепти „Брза и едноставна храна со пет производи“ (5 Ingredients Quick & Easy Food).

Иако, како што самиот вели, досега заработил многу пари, изгубил попатно и мошне голем дел од тоа богатство, а за тоа го обвинува своето неискуство и годините.

– Многу изгубив. Всушност, ништо не ставив на страна. Не изградив безбедносна мрежа и имав малку чудно сфаќање за рецесијата. Немав доволно знаење. Само уживав во животот, забавите и готвењето – отворено зборува Оливер.

Но, и тоа како е горд на се што постигнал досега, бидејќи буквално почнал од нула. Само во Велика Британија денес има 48 ресторани во својата сопственост, а издал 19 книги преведени на 26 јазици.

– Кога имаш 30 години и одреден талент мораш тоа да го искористиш, а тоа и го направив, создадовме 8.500 работни места и направивме се за луѓето да ги натераме да почнат да готват. Во тоа ги вложивме срцето и душата – признава 42-годишниот Оливер кој денес има премногу обврски од кога и да е.

Но, славниот готвач вели дека, сепак, научил нешто од сопствените грешки, а неговото професионално царство и понатаму расте, еднакво и како семејството. Веќе 18 години е во среќен брак со сопругата Џулс која пред две години му го роди петтото дете. Оливер не ја отфрла ни можноста нивното големо семејство наскоро да добие уште еден член.

– Повеќе нема место во автомобилот, па можеби би требало да набавиме автобус. Џулс би сакала да кажам „никогаш не вели никогаш“. Секогаш ми вели ништо да не исклучувам како можност – рекол Џејми

View this post on Instagram

❤️

A post shared by Jamie Oliver (@jamieoliver) on

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------