Home INFO Џони Деп ќе ја „ошури“ бившата сопруга, бара од неа 50 милиони...

Џони Деп ќе ја „ошури“ бившата сопруга, бара од неа 50 милиони долари

реклама:Велигден со Стаф

Би-би-си објави дека холивудскиот актер Џони Деп започнал судска постапка против неговата бивша сопруга, Амбер Херд, во која ја обвинува за клевета.

Пред крајот на минатата година Алмер која исто така е актерка, напишала статија за „Вашингтон пост“, во која таа ги опишувала моментите со Деп во кои според неа таа доживеала семејно насилство.

Па затоа во тужбата на Деп, тој наведува дека „никогаш не ја злоупотребил својата бивша сопруга и дека нејзините тврдења се дел од смислена измама, се со цел таа да си ја подобри кариерата.

Алмар најпрво го обвинила Деп за семејно насилство во мај 2016 година, една година по нивната венчавка.

Нему му беше наредено да не се доближува до неа, а двојката се разведе во 2017 година.

Заради сево ова Џони Деп бара отштета од 50 милиони американски долари.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------