Home INFO И по својата смрт Шабан Шаулиќ заработува многу: Еве колку ќе добие...

И по својата смрт Шабан Шаулиќ заработува многу: Еве колку ќе добие од Јутјуб за само еден ден

реклама:Велигден со Стаф

За помалку од еден ден осум песни на легендарниот Шабан Шаулиќ, на Јутјуб каналот се прегледани над два милиони пати, што претставува скок од скоро 80 проценти во однос на периодот додека бил жив.

Ова се однесува на денот кога трагично починатиот пејач беше погребан.

Најголем пораст на слушаноста бележи песната “Не плачи душо” со која семејството Шаулиќ се збогувало со починатиот Шабан.

Предходно имала 143 000 прегледи а наредниот ден бројката била скоро половина милион.

Ова е вообичаено кога ќе се случи некоја музичка ѕвезда да го загуби животот, но до сега не се случувале толку драстични скокови.

Според некои пресметки, Шабан од прегледите на Јутјуб, за неполни 20 часа заработил околу 2 000 евра.
Експертите очекуваат овој раст да продолжи и во наредниот период.

Покрај заработката од Јутјуб, покојниот крал на народната музика ќе заработува и од наплата на авторски и издавачки права а парите веројатно ќе ги наследи неговата сопруга.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------