Актерката Милена Дравиќ е погребана денеска во Алеата на великаните на Новите гробишта во Белград покрај сопругот Драган Николиќ.
Многубројните колеги и пријатели во солзи и со болка во гласот се опростија од актерката на комеморацијата во театар Звездар каде дел од низ за Милена одржаа потресен говор.
Да потсетиме дека Милена Дравиќ почина на 14 отомври во нејзината 79та година по тешко боледување.
Една е од најголемите актери кои ги имала Србија и Југославија.
Таа беше вистинска дива, актерка со енергија, а со својот шарм ги освојуваше сите. Зад себе остави бројни вредни филмски, сериски, телевизиски и театарски остварувања.
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------