Пејачот Здравко Чолиќ со години важи за една од најголемите балкански ѕвезди, па многу се прашуваат колку тој заработува. Прв пат самиот тој во јавноста откри колку заработува од авторски права.
Чола во текот на својата кариера а и ден денеска полни многубројни сали, хали, стадиони и нема негова песна која за брзо време не станала хит. Покрај тоа се занимавал и со компонирање, а еве колку заработил минатата година од „Сокој“, организацијата на музички автори во Србија.
„Помеѓу четири и пет илјади динари! Можеби повеќе би добил како автор, доколку секоја од радио и тв станците доставуваат точен список на пуштени композиции но некои не го прават тоа. Малку повеќе добивам за изведуачки права. Како изведувач си присутен секаде, а како автор другите повеќе ќе заработат од тебе.
Ете си капе по малку како некоја пензија “ – изјавил Здравко, за прашањето колку заработува од авторски права.