Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Дојде живот за Северина, оваа прекрасната вест ја сподели на својот концерт…

Дојде живот за Северина, оваа прекрасната вест ја сподели на својот концерт…

реклама:G Natural

На вчерашниот концер во Црна Гора хрватската пејачка Северина не можеше да ја сокрие радоста и позитивната информација па ја сподели со својата публика на својот настап.

Имено пејачката дознала од својот адвокат дека по неколку години конечно судот ќе пресуди во нејзина корист и ќе може да го добие старателството над синот Александар.

“Не можам да ви кажам за што станува збор, но детето се врати дома. Вие прво дознавате, се уште не е објавено. Ви благодарам за поддршката. Пеам со радост”, рекла Северина.

Адвокатот на пејачката Северина, Мате Матиќ, за Н1 потврдил дека судот во Сплит донел одлука да го врати синот на Северина под нејзино стрателство.

“Окружниот суд во Сплит одлучи да и го врати детето на Северина. Одлуката е дека тие ќе имаат заедничко старателство над детето, односно дека детето ќе поминува половина време со мајката и половина со таткото. Ќе видиме дали родителите можат да се согласат или судот ќе ги прецизира деталите. “, рече Матиќ и додаде дека нема жалба против оваа одлука.

“Но, ние дополнително ќе се бориме за Северина да добие целосно старателство над детето. Штом ќе се донесе одлука родителите да поминуваат еднакво време со детето, детето се смета дека е вратено кај мајката. Мислиме дека сега го добивме она што беше можно и тоа е многу добра вест. “, рече адвокатот Матиќ.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“