Home INFO ДОБРИ ВЕСТИ! Семејството на Дарко Лазиќ и пријателите: „Само очите му се...

ДОБРИ ВЕСТИ! Семејството на Дарко Лазиќ и пријателите: „Само очите му се гледаат, но хематомот на главата се повлекува“

фото: Инстаграм
реклама:Велигден со Стаф

Дарко Лазиќ вчера беше опериран, а ноќта по операцијата поминала без компликации. Во болницата утринава стигнале неговата мајка Бранка и братот Драган, но и пријателите на пејачот.

Во моментов е на интензивна нега но дел од неговите блиски имаа можност да го посетат и видат.

„Ме пуштија да го видам. Само очите му се гледаат. Скршениците му се поставени за истегнување за да не се случи зараснување додека не дојде на себе. Хематомот на главата му се повлекува и денеска е многу подобра ситуацијата. Тоа е многу битно.“- рекол еден од пријателите на Дарко.

Неговото семејство веќе разговарало со докторите на ортопедија во Бањица, каде што им е кажано дека ќе го примат под итна постапка кога ќе се санираат повредите на главата и кога ќе се среди неговата општа состојба.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------