Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Додека скандалот сеуште е во тек, Кајли Џенер шета по клубови со...

Додека скандалот сеуште е во тек, Кајли Џенер шета по клубови со мистериозен маж (фото)

реклама:Велигден со Стаф

Никако не стивнува скандалот во кој е вмешана Кајли Џенер со даночната измама и отстранувањето од првата позиција во магазинот „Форбс“ од листта најбогати лади милијардери во светот.

Иако се шират гласини дека врската со нејзината мајка Крис е нарушена поради скандалот и дека состојбата во семејството Кардашијан-Џенер е напната, се чини дека 22-годишната Кајли веќе заборавила на сè и решила да излезе во друштво на еден мистериозен човек.

Двојката беше снимена пред ноќниот клуб „Bootsy Bellows“, кој беше затворен до пред нивното пристигнување, но само заради нив ги отвори вратите. Секое појавување на Кајли во јавноста привлекува внимание, па ова не беше исклучок, а сега решила да носи тесни црни пантолони и кратка кожна јакна, па така, нејзината „позадина“ излезе во прв план. Откако се забавуваа, реалити sвездата и мистериозниот човек го напуштија ноќниот клуб заедно и заминаа во непознат правец.

Нејзиното богатство беше проценето на повеќе од милијарда долари, но се покажа дека шефицата на империјата за козметика „Kylie Cosmetics“, тежела „само“ 900 милиони долари. Но, можеме да кажеме дека и покрај фактот дека нејзината титула е одземена, таа сигурно живее како милијардер, а тоа може да се забележи по нејзиниот начин на живот, кој често го објавува на социјалните мрежи.

Едвај минатата година, Кајли потроши над 130 милиони долари и ги инвестираше парите во недвижнини и во приватен авион. Пред да започне пандемијата на коронавирус, славната богата жена можела да си дозволи авион вреден меѓу 50 и 70 милиони долари, пишува „Дејли Мејл“. Само за одржување на авионот потребни се пет милиони долари годишно.

Најмногу потроши во април годинава кога во луксузната населба „Холмби Хилс“ купи вила вредна 36,5 милиони долари, а исто така и купи парцела до вилата вредна 15 милиони долари. Таа се стекна и со земјиште во близина на Палм Спрингс за 3,25 милиони долари, каде има намера да изгради ексклузивен клуб.

Покрај тоа што е дарежлива кон себе, Кајли редовно учествува во хуманитарни акции, па неодамна донираше милиони долари на здруженија кои се борат против коронавирусот.

Од друга страна, нејзините славни сестри се загрижени за тоа колку троши Кајли. Извор близок на кланот Кардашијан-Џенер посочува дека нејзините постари сестри се загрижени затоа што Кајли не разбира колку е лесно да се трошат тешко заработени пари.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------