По едно одложување заради протестите во Америка, Сони конечно ја претстави својата нова верзија од Play Station.
Освен стандардната верзија, претставена е и дигитална верзија, која во суштина е истата конзола само без читач за дискови.
Совршениот дизајн со бела надворешност ги воодушеви љубителите на минималистичкиот дизајн, и е голем чекор напред во однос на претходната генерација на од овој уред,
Што се однесува до дигиталната верзија од конзолата, таа едноставно е неопходна во денешно време, бидејќи веќе одамна ретко кој купува физички копии од видео игрите.
Цената за овој уред се уште не е објавена. Сепак на Твитер се појави информација дека на Амазон оваа конзола ќе се продава по цена од 599 фунти.
Sony officially revealed the design of the #PS5, and the disc-less PlayStation 5 Digital Edition. #IGNSummerofGaming https://t.co/ByFAUvy9BC pic.twitter.com/hPijhWuqWP
— IGN (@IGN) June 11, 2020