Бившата сопруга и колешка на Дарко Лазиќ, Ана Севиќ секојдневно е со пејачот откако тој во вторникот доживеа сообраќајна несреќа.
По последната операција која е направена вчера, состојбата на Дарко е стабилна па докторите, неговите роднини и најблиски имаат повеќе основа за оптимизам и верба за неговото закрепнување.
Меѓу најблиските на Дарко кој што секојдневно се покрај неговата соба се неговиот кум и бившата сопруга на Дарко.
Бидејки не и годи медиумското внимание кое што го предизвика оваа несреќа, таа направила договор со еден од докторите да ја внесат во болница преку посебен пат и влез далеку од новинарите, па така успешно ги избегнува камерите и фото апаратите.