Home INFO Дончиќ како булдожер ги урива рекордите во НБА, најмлад е со 30...

Дончиќ како булдожер ги урива рекордите во НБА, најмлад е со 30 трипл-дабл ефекти

реклама:G Natural

Лука Дончиќ урива рекорди во НБА-лигата и од ноќеска е најмладиот кошаркар во историјата на најсилната лига што стигнал до 30 трипл-дабл ефекти.

Словенецот постигна 13 поени со 12 скока и 12 асистенции во победата на Далас против Индијана со 124:112 и прослави јубилеј.

Интересно е што на таа возраст сам има повеќе трипл-дабл учиноци од легендарните Меџик Џонсон, Леброн Џејмс и Оскар Робертсон, кои вкупно имале учинок од 29 трипл-дабли пред да наполнат 22 години.

Пред него на вечната листа со најмногу трипл-дабл учиноци сега е само легендата Џон Хавличек со 31, но како што игра Дончиќ, прашање е само на денови кога ќе избие на првото место.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“