Home INFO Донесена пресуда: Холивудскиот актер мора да и плати милионска оштета на својата...

Донесена пресуда: Холивудскиот актер мора да и плати милионска оштета на својата асистентка

реклама:Лето во Банско

Компанијата на холивудскиот актер Роберт Де Ниро мора да и исплати огромна оштета на својата бивша асистентка Греам Чеј Робинсон.

Чеј ќе добие 1.2 милиони долари поради тврдењата за родова дискриминација и одмазда.

Правната битка траеше неколку години, а започна со оставката на Робинсон од продукцијата „Canal“.

Одлуката на жирито става крај на повеќегодишната правна битка меѓу актерот и Греам Чејс Робинсон, која започна по нејзината оставка од продукцијата „Canal“.

Асистентката била на платен список на Де Ниро 11 години. Вработена како негов личен асистент во 2008 година, таа подоцна била промовирана во потпретседател за производство и финансии во компанијата.

Но, откако дала отказ во 2019 година, таа поднела тужба и барала 12 милиони долари оштета за „емоционална вознемиреност и повреда на угледот“, тврдејќи дека тој често давал „вулгарни, несоодветни и родово навредливи коментари“ но и доделувал и „стереотипно женски“ задачи.

Компанијата на Де Ниро пак поднесе тужба за 6 милиони долари, обвинувајќи ја за злоупотреба на канцелариски средства, кражба на имот на компанијата и префрлување на повеќе од 450.000 американски долари на нејзината лична сметка.

По осум дена сведочење , поротата не ја најде г-ѓа Робинсон одговорна за ниту едно од тврдењата за финансиска злоупотреба.

Де Ниро не беше во судницата кога во четвртокот гласно беше прочитана пресудата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------