Home INFO Драгана Мирковиќ на второто место: Еве колку милиони “тежат” српските пејачи

Драгана Мирковиќ на второто место: Еве колку милиони “тежат” српските пејачи

реклама:

Балканските ѕвезди ретко кога зборуваат за нивната финансиска состојба и за тоа колку заработуваат од концертите и настапите.

Но, на сајтот „Celebrity net worth“ беа објавени податоци кои покажуваат колку „тежат“ најголемите српските пејачи.

АЦА ЛУКАС

Иако не постојат точни податоци колку заработил во текот на неговата кариера,само во првите од месеци од минатата година тој заработил милион долари.

ЛЕПА БРЕНА

Југословенската култна пејачка, актерка и талентирана менаџерка „тежи“ 16 милиони долари.

ШАБАН ШАУЛИЌ

Како што се наведува на споменатиот сајт, Шаулиќ заработил 20 милиони долари за време на неговата долга и успешна кариера.

ДРАГАНА МИРКОВИЌ

Една од најпопуларните пејачки на нашите простори, Драгана Мирковиќ во својата кариера има заработено 30 милиони долари.

Драгана е сопственичка и на сателитската музичка телевизија „ДМ Сат“.

ЦЕЦА

Најголемата српска ѕвезда, Светлана Ражнатовиќ – Цеца, е една од најбогатите на естрадата со сметка вредна 80 милиони долари.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------