Познатата манекенка Џиџи Хадид во септември ќе роди девојче.
Таа успешно ја криеше својата бременост, а на социјалните мрежи откри зошто.
„Ова е мојот стомак“, рече расположено манекенката, завртувајки се странично за да ја покаже неговата големина.
Gigi Hadid explains she’s keeping her pregnancy private for now and shares a little look at her bump: “There’s my belly, y’all. Like it’s there.” pic.twitter.com/kV6dmiJYcb
— Alyssa Bailey (@alyssabailey) July 15, 2020
„Очигледно многу луѓе се збунети зошто ништо не споделувам. Бремена сум во период на пандемија и очигледно, постојат многу поважни работи во светот. Многу луѓе го загубија животот поради коронавирусот и тоа се уште се случува. После имаше протести за правата на Афроамериканците и едноставно мислам дека социјалните мрежи требаше да ги користиме за да дадеме поддршка“, изјави Џиџи.
„Не сакам да се грижам за тоа дали сум слатка и дека морам секој ден нешто да објавувам. Имам семејство и пријатели со кои споделувам се“, заклучи манекенката.
Џиџи и нејзиниот партнер Зајн Малик престојуваат на фарма во Пенсилванија.