Велигден е еден од најомилените детски празници, особено поради шарените јајца.
Јелена Карлеуша неколку години по ред објавуваше видеа каде нејзината помала ќерка Ника плаче, бидејќи не успеваше да победи во кршењето јајца на велигденските празници.
Но оваа година Ника имаше среќа па успеа да победи.
Фановите на Карлеуша го забележале ова, па имаше коментари на социјалните мрежи.
Српската старлета Тијана Максимовиќ, позната како Тијана Ајфон, на Инстаграм се пошегувала на сметка на малата Ника, па објавила принтскрин со следниве зборови:
-“Ника Тошиќ конечно победи во кршење јајца. Не знам за вас, но јас мирно ќе спијам. Заклучок: Правдата е бавна но достижна”.
Чудо е што Карлеуша досега не ја искоментирала оваа објава, особено што е позната по тоа што знае да биде немилосрдна кога се во прашање коментари на туѓа сметка.
Во продолжение, видеата на велигденските “порази” и победата на малата Ника 🙂