Home INFO Топ три бесплатни работи кои не прават среќни

Топ три бесплатни работи кои не прават среќни

реклама:Велигден со Стаф

Најдобрите работи во животот не можат да се купат со пари. Среќата не секогаш се наоѓа во скапите коли, телефони и луксузните вили.

Она што го прави животот среќен и исполнет е бесплатно и достапно за сите, но за жал најчесто за ова не сме свесни.

Истражувањето спроведено на 2.000 луѓе во Велика Британија посветено на работите кои не прават среќни ги даде очекуваните резултати.

Среќата е бесплатна, таа не ја прават скапите парчиња облека и материјалните  богатства, туку малите задоволство кои ни се секој ден достапни.

22 % од анкетираните смеењето го ставија на прво место на среќните приоритети, додека само еден процент помалку е вкусната храна.

На трето место на среќните животни сосотојки е гледањето на зајдисонце, гледање на стари фотографии и мирисање на свежо искосена трева.

„Изгледа дека комплицираниот и стресен живот кој го водиме направи да се поврзуваме и радуваме само на работите кој се материјални. Семејството, пријателите и природата е  она што не прави вистински среќни и смирени“, објаснува Ралф Волкер кој ја направи оваа анкета.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------