Home INFO Ќе ви се слоши при самата помисла: Да ли би отишле на...

Ќе ви се слоши при самата помисла: Да ли би отишле на ваква свадба?

реклама:

Секој брачен пар се труди да направи свадба за паметење, а менито секако има важна улога.

Но еден британски пар ги пријде границите на очекуваното.

Имено тие, по повод својата свадбена прослава, бараат готвач кој ќе приготви мени по нивна желба.

Веќе ја започнале нивната потрага по кулинарскиот експерт, а нивниот оглас го истакнале и на британскиот портал за услуги, „Bark“.

Младоженицте се надеваат дека ќе успеат да пронајдат готвач кој ќе ја исполни нивната невообичаена желба и ќе подготви мени од јадења приготвени од месо.

Но, не било какво месо, туку за месо од убиени животни покрај патиштата.

Парот бара готвач кој ќе успее толку совршено да ги приготви јадењата, што гостите нема да приметат ништо.

Во огласот истакнале дека веќе поседуваат 20 килограми месо од умрени животни како зајаци,еребици, фазани,елен.
За готвачот предвиделе хонорар од 5000 фунти.

Младожените по професија се еколози и тие веќе 3 години се хранат од месо од убиени животни покрај патиштата, со цел да го намалат отпадот од остатоци од храна.

Според нив, тие треба да ги почитуваат нивните еколошки принципи во било кое време, па дури и за време на нивната свадба.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------