Home INFO Елтон Џон открива: Мајкл Џексон не можеше да го поднесе друштвото на...

Елтон Џон открива: Мајкл Џексон не можеше да го поднесе друштвото на возрасните

реклама:Велигден со Стаф

Биографијата на Елтон Џон откри многу пикантерии за неговиот приватен живот, но и за голем дел од светски познатите јавни личности.

Иако Елтон Џон бил пријател со Мајкл Џексон, работите почнале да се менуваат како што веќе починатиот пејач старееел.

„Го познавав Мајкл од неговата 13 та година“, напиша Елтон Џон во својата биографија.

„Беше најубавото дете кое можете да го замислите. Но во некој момент во последните години, тој започна да се одвојува од светот, далеку од реалноста, како што тоа го правеше и Елвис Присли“.

„Бог знае што се случувало во неговата глава и Бог знае со колку и какви лекови се полнеше, но секој пат кога ќе го видев во подоцните години, заминував мислејќи дека кутриот човек целосно го загубил разумот. Беше навистина психички болен, вознемирувачки беше да се биде близу него. Тоа е неверојатно тажно“.

Џон опишал една вечера на која присуствувал со Џексон. Пејачот се присетил дека Мајкл, кој инаку не јадел, станал од масата и исчезнел. Подоцна го нашле покрај синот на домаќинката која ја приредувала вечерата.

„Од некоја причина, не можеше воопшто да го поднесе друштвото на возрасните“, напиша Елтон Џон.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------