Home INFO Ем шуто ем боде: На Дара Бубамара едноставно и се можело?!

Ем шуто ем боде: На Дара Бубамара едноставно и се можело?!

реклама:Велигден со Стаф

Пред извесен период, српската пејачка Дара Бубамара предизвика лавина од остри критики откако изјави дека нејзиниот син не оди во „селски училишта“, туку во приватно, во кое учат и децата на други успешни родители, политичари и спортисти, кои многу добро знаат која е таа.

По оваа изјава, српските медиуми одлучија малку да се позанимаваат со образованието на пејачката, па открија дека успеала единствено вонредно да заврши средно сообраќајно училиште.

Иако по првата вест на Инстаграм реагираше со посмирен тон, па се правдаше дека со изјавата за училиштето на син и немала намера никого да повикува или омаловажува, очигледно овојпат на Дара и засметало тоа што медиумите ја потсетија дека едвај завршила средно училиште.

По овие вести на Инста Стори објави порака до медиумите (која во меѓувреме ја избриша) во која ги нарекува багра и во која пишува дека не завршила никакво училиште, но дека е голема ѕвезда и едноставно и се може.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------