Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Емили Ратајковски ги објави снимките од вечерта кога била сексуално злоупотребена (фото)

Емили Ратајковски ги објави снимките од вечерта кога била сексуално злоупотребена (фото)

реклама:ХитКујна канал

Никако да стивнат реакциите по објавата на Емили Ратајковски во есејот за „Њујорк магазин“ во кој таа неведува дека во 2012 година за време на снимањето на фото сесија во домот на фотографот Џонатан Ледер во Катскилс тој врз неа извршил сексуален напад.

Откако и го соопшти тоа на јавноста Емили на својот инстаграм ги објави и фотографиите од спорната вечер.

Како што објаснила, никогаш не и било платено за фотографиите што завршиле во списанието Дариус, а позирала во долна облека и гола. Фотографиите ги објавил Ледер во книгата ,,Ледер / Ратајковски колекционерско издание во 2016 година”

Таа самата ги објави на Инстаграм во 2013 година и никогаш не ги отстранила.

“Секогаш е забавно да се гледа неговата работа во печатена форма.Џонатан Ледер за списанието Дариус”, напишала таа.

Според Емили, агентот ја испратил на неплатено снимање за списанието Дариус во домот на Ледер, а таму требало да ја помине ноќта.

Кога дошла кај Ледер, Ратајковски открила дека ќе снима во долна облека, а за да изгледа зрело, прифатила чаша црвено вино што и ја понудил фотографот.

“Ме научија дека е важно да изгледам вредно и опуштено. Агентот секогаш ми велеше:” Никогаш не знаеш со кого ќе снимаш после тоа “, напишала Ратајковски.

По снимањето во долна облека, фотографот, наводно, и рекол: „Ајде да пробаме сега без облека“.

“Само што се соблеков , дел од мене се изгасна. Почнав да лебдам, гледав како се враќам во креветот. Се свртев со грбот, ги стиснав усните, размислував како ја гледам камерата. Блесоците беа толку силни и испив толку многу вино, што црни дамки пред ми се гледаа пред очите“, напиша таа.

Кога шминкерката заспала, Ратајковски признава дека се чувствувала многу будна, но и „многу, многу пијана“. Таа и Ледер се покриле со ќебе на каучот, тврдејќи дека тој потоа започнал да ја испрашува за нејзините момчиња и ја гледал како ги трие нозете за да се стопли.

“Тој рече дека му се допаѓа тоа што го правам со нозете, јасно го паметам тој момент. Мразев што тој коментираше за нешто што го правев за да се утешам. Повеќето подоцна ми беше во магла, освен за тоа како се чувствував. Не се сеќавам дека се бакнував, но се сеќавам на неговите прсти во мене. Тој ги туркаше и ги туркаше како што дотогаш никој никогаш не ме допрел, ниту од тогаш. Навистина ме болеше.“, напиша таа.

РЕКЛАМИ:
Loading...