Поп пејачката Емина Јаховиќ пред неколку месеци стави крај на бракот со познатиот турски пејач Мустафа Сандал.
Неодамна турските медиуми ги уловија заедно на јахта, но причината за заедничката прослава бил роденденот на еден од синовите на бившиот естраден пар.
Турските медиуми објавија дека поради разводот, Емина ослабнала дури 10 килограми и е во депресија.
Наведуваат дека и семејството на Јаховиќ е загрижено поради нејзината состојба.