Во неодамнешното издание на емисијата „Балканска улица“ Емина Јаховиќ како гостинка ја изненади публиката со неколку искрени признанија околу нејзиниот приватен живот.
Таа ги шокираше фановите со изјава дека пред извесно време имала спонтан абортус кога се враќала од Белград во Истанбул, а не ни знаела дека е бремена.
Искрено проговори и за разводот со турскиот пејач Мустафа Сандал и за тоа како реагирале нејзините дома, а спомена и дека нејзините двајца синови Јаман (12) и Јавуза (8) одбивале да учат српски и знаат само турски јазик.
Ако ве интересират деталите еве ја целата емисија: