Home INFO Еве како изгледа сега и што прави Моника Левински, најпознатата љубовница во...

Еве како изгледа сега и што прави Моника Левински, најпознатата љубовница во историјата

реклама:Велигден со Стаф

Кога во август 1990 година претседателот на Соединетите Американски Држави призна дека имал љубовна афера со својата тогаш 22-годишна стажантка и секретарка, Моника Левински, изби еден од најголемите сексуално-политички скандали на сите времиња.

Тогаш 49-годишниот Клинтон многупати, дури и пред истражните тела, негираше каква било врска со таа жена, како што ја нарекуваше.

По некое време, сепак призна се и изјави дека лажел против своја воља за да го зачува своето семејство од срам.

Призна дека со Моника се гледал во Белата куќа и оти имале само орален секс.
Левински наговорена од пријателка го чувала синиот фустан прекриен со семена течност од Клинтон, за да докаже дека не лаже.

Во интервју во 1999 година, Моника му се извини на семејството Клинтон за нанесената штета и рече дека била непромислена.

Признала дека не примила никакви пари од Клинтон во замена за молк, и да од друга страна, одбила понуда со вртоглава сума од 10 милиони евра за да изнесе детали за аферата.

Изјавила дека во некои моменти била на ивица на самоубиство и оти мислела дека ќе биде јавно понижувана додека буквално не умре од срам.

Моника денес има околу 50 години и се уште е активна. Таа се реши од вишокот килограми и се отсели во Англија.
Таму заврши психологија, а денеска живее на Менхетен и предава на факултет.

Немала ниту една долга врска по аферата.

И денес сеуште е стигматизирана поради тоа што се случувало во Белата куќа.

Моника признава дека се уште чувствува вина поради се што се случило.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------