Home INFO Последната сезона од “Игра на тронови” ќе се прикажува во април (ВИДЕО)

Последната сезона од “Игра на тронови” ќе се прикажува во април (ВИДЕО)

реклама:ХитКујна канал

Tелевизиската мрежа „Ејч-Би-О“ денеска објави кусо видео со кое ја најави последната, осма сезона од хит-серијата „Игра на тронови“.

Финалната сезона ќе почне да се прикажува во април следната година, а ќе има само шест епизоди. Секоја од нив ќе трае по околу час и половина.

Во видеото на „Ејч-Би-О“ се споени најинтересните моменти од изминатите седум сезони.

Сценаријата за последната сезона се држеа во голема тајност за цело време додека се снимаа шесте епизоди, а некои од главните актери во посебни интервјуа открија дека финалето нема да им е по ќеф на сите фанови.

РЕКЛАМИ:„ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“