Бендот Rasmus се прослави со хитот “In the shadows” а на овогодинешниот избор на Евровизија ја претставуваат Финска со песната “Jezebel”.
Енергичниот настап им обезбеди влез во финале, а доколку овие момци од прва ви се видоа познати, тогаш сигурно се сеќавате на нивниот заразен хит со кој во 2003 година станаа планетарно популарни.
Станува збор за хитот “In the shadows”, која на Јутјуб платформата има околу 100 милиони прегледи.