Home INFO Facebook ќе воведе нови ограничувања

Facebook ќе воведе нови ограничувања

реклама:

Светот беше згрозен од преносот на Фејсбук на масакрот во џамиите на Нов Зеланд , што го вршеше терористот и го гледаа милиони корисници.

Kориснициte на најголемата социјална платформа побараа да се ограничи преносот во живо со цел да се спречи уште еден ваков немил настан.

Оперативната директорка на компанијата, Шерил Санберг изјави дека се согласува со апелите да се направи многу повеќе за да се спречат таквите пропусти. Рече дека Фејсбук ќе мора да ја ограничи опцијата за пренос во живо.

Во меѓувреме, и во Нов Зеланд ќе ги разгледаат неадекватните национални закони за говор на омраза.

Во двете џамии во местото Крајстчарч минатиот месец беа убиени 50 верници за време на петочна молитва .

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------