Добро познатиот спот на Цеца за песната “Idi dok si mlad” каде таа има ултра кратка коса, деновиве доживеа големо враќање во јавноста, и тоа преку “екранизација” на нејзината најлута ривалка Јелена Карлеуша.
Имено, Јелена ја ископира познатата фолк ѕвезда и тоа по 24 години.
На доаѓањето на снимањето на “Ѕвездите од Гранд ” ,ЈК дошла во идентичен стил како и Цеца во спотот од 1995 година.
Кратка коса, големи обетки и иста нијанса на кармин. Дури и погледот е ист.


Да потсетиме, Цеца и Јелена со години се скарани. Единствено се сретнуваат во судница. Ги спојуваат многу тужби и нетрпеливост која трае со години.