Home INFO Фановите полудеа: Новиот IPhone доаѓа во необична боја?!

Фановите полудеа: Новиот IPhone доаѓа во необична боја?!

реклама:Лето во Банско

Се чини дека и компанијата Apple се опседна со феноменот Barbie, со оглед на неофицијалните информации дека новиот iPhone 15 ќе се појави на пазарот и во розева варијанта.

Освен розевата, новите бои кои се споменуваат се зелена и светло жолта варијанта. За потсетување, последниот iPhone кој беше достапен во розева боја беше iPhone 13, 2021 година.

Со оглед на тоа дека во периодов, по премиерата на филмот Barbie, на социјалните мрежи владее розева треска, јасни се и коментарите на фановите на Apple за веста за розевата варијанта на новиот телефон.

“Ќе сторам се за да набавам розев ајфон”, “Морам да имам Барби ајфон” – ова се дел од коментарите.

Новиот телефон би требало да излезе во продажба во Септември.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------