Откако се разведоа спектакуларно исто како кога се земаа во 2018 година,турската ѕвезда Мустафа Сандал и пејачката Емина Јаховиќ ги полнат таблоидите со скандалозни трачеви.
Овој пат Емина е актуелна во медиумите по нејзините изјави дека Мустафа е во криза и дека нема платено алиментација.
Освен алиментација,тој не ги платил ниту трошоците за летен одмор, за изнајмување возило и плата на возачот, кои исто така биле негови обврски, регулирани со договорот што го направиле кога го решавале прашањето за алиментацијата и трошоците – изјави извор за Телеграф.
На овие долгови се додаваат и здравственото осигурување на децата, кое Мустафа, како што вели Емина, исто така, не го регулирал.
Па така со груба пресметка ако се земе предвид дека тој требало да плаќа по 2.830 евра месечно, а и дека не платил 26 месеци, цифрата која ја должи на сопругата е неверојатни 73.580 евра.