Home INFO Фејсбук тестира опција за која што тие беа ригорозни и блокираа профили

Фејсбук тестира опција за која што тие беа ригорозни и блокираа профили

реклама:hotel PREMIER

Сите сме свведоци на тоа колку Фејсбук беше ригорозен за отварање на повеќе профили од еден корисник и често бришејки ги доколку се утврди тоа.

Е во ова ново време каде што оваа социјална мрежа има голема конкуренција за да опстане на врвот во јавноста соопшти дека во моментов се тестира опција за која што тие беа ригорозни.

Фејсбук воведува отворење на повеке прфили од една корисничка сметка.

Ова е дел од проектот на Мета да ги охрабри корисниците да останат на платформата и покрај зголемената конкуренција од ривалските сервиси.

Како дел од тестот, корисниците на Фејсбук ќе можат да креираат до четири дополнителни профили, кои се поврзани со нивниот оригинален налог.

Идејата е дека дополнителните профили може да се користат за различни цели, како што е еден за пријатели, еден за работа или за интеракција со различни групи и влијателни лица.

Корисниците сепак ќе имаат еден налог, но ќе можат да се префрлаат помеѓу профилите со само неколку кликања.

Профилите ќе мора да се усогласат со политиката за приватност и условите за користење на Фејсбук, а злоупотребата на еден профил ќе влијае на целиот налог и неговото евентуално суспендирање.

Корисниците, кои креираат дополнителни профили, нема да мора да го користат својот вистински идентитет кога станува збор за прикажаното име, се додека тоа не е во спротивност со правилата на платформата.

Промената на тактиката на Фејсбук и оддалечувањето од моделот на еден профил доаѓа во време кога платформата се бори да ги задржи корисниците, особено помладите, кои се префрлаат на конкурентни платформи како што е ТикТок.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------