Раперот Кание Вест гостуваше на популарната емисија “Saturday Night Live”, а во студио како подршка дојде целото семејство. Сопругата Ким Кардашијан ја зема и нивната петгодишна ќерка Норт, која за таа прилика добила целосен бјути третман.
Нормално, девојчето го средувале најдобрите стилисти на мама, а покрај фризурата паднало и малку шминка.
Ријалити ѕвездата на Инстаграм се пофалила со фотографи каде што Норт ја разубавуваат па во нејзините коментари се нашалила: „која е тука поголема дива, она или ја?!“
Иако се чини дека малата Норт уживала во секој момент од дотерувањето, сепак дел од критичарите повторно удрија по Ким заради како што викаат тие „непотребното експонирање на детето“.