Home INFO Француски турист уапсен на Сардинија, земал 41 килограм камчиња од плажа

Француски турист уапсен на Сардинија, земал 41 килограм камчиња од плажа

реклама:Лето во Банско

Француски турист бил уапсен додека се обидувал да ја напушти Сардинија со 41 килограм камчиња во багажникот. Мажот е обвинет дека незаконски ги однел од плажа на северозападот на италијанскиот остров, соопштија властите во вторникот.

Италијанските цариници го пресретнале пред да се качи на траект од Порто Торес (северо-западна Сардинија) до Ница (југоисточно од Франција).

„Тој во багажникот на својот автомобил имал 41 килограм камчиња од плажата Лампиану, кои се запленети и ќе бидат вратени на своето место“, се вели во соопштението на царината.

Сардинија е позната по своите недопрени плажи со бел песок, кој е толку ценет што регионалните власти донесоа закон во 2017 година за да ги спречат туристите да си го носат дома.

Земањето, чувањето или продавањето песок, камчиња или школки земени на Сардинија неовластено се казнува со парична казна од 500 до 3.000 евра.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------