Home INFO ФУДБАЛСКО ЛЕТО: Истовремено ќе се играат три континентални првенства

ФУДБАЛСКО ЛЕТО: Истовремено ќе се играат три континентални првенства

реклама:G Natural

Почнува 17-то фудбалско Европско првенство (ЕП), во Германија (Италија ќе ја брани титулата освоена во 2021 година), еден ден подоцна е првиот меч на 11-от Куп на нациите на Океанија што се игра во Вануату и во Фиџи (претходната титула, во 2016 година, ја освои Нов Зеланд), а од 21 јуни во САД ќе се игра 48-та Копа Америка, фудбалскиот шампионат на Јужна Америка (актуелен освојувач на трофејот е Аргентина, од 2021 година).

ЕП 2024 ќе биде отворено со средбата Германија – Шкотска в петок, од 21 часот, на Купот на Океанија прво се игра дуелот Соломонски Острови – Вануату в сабота, од шест часот, а Копа Америка ќе почне со средбата Аргентина – Канада на 21 јуни, од два часот. На Европското првенство средбите почнуваат во 15, 18 и во 21 часот, на Копа Америка се игра од полноќ, од два и од три часот наутро, а на Купот на нациите на Океанија од два, три, шест и од девет часот (по средноевропско време).

На Европското фудбалско првенство во Германија, мечевите ќе се играат на десет стадиони во десет градови.

На отворањето во Минхен се среќаваат Германија и Шкотска, а финалето е еден месец подоцна во Берлин. Девет стадиони беа во функција и за Светското првенство 2006 во Германија.

Ќе се играат 51 натпревар, на кои се очекуваат вкупно 2,7 милиони гледачи.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------