Home INFO Германскиот клуб „Баерн Минхен“ продава заштитни маски против коронавирусот

Германскиот клуб „Баерн Минхен“ продава заштитни маски против коронавирусот

реклама:ХитКујна канал

Меѓу оние кои успешно заработуваат и во период на корона вирус е и најтрофејниот германски клуб Баерн Минхен.
Раководството на овој клуб одлучи да направи заштитни маски против коронавирусот со нивното лого, и за 24 часа продадоа 100.000 од нив.

Доколку сакате да нарачате ваква маска ќе ве чини 5,95 евра а до сега од нивната продажба се собрани над 600.000 евра.

Овие средства клубот нема да ги задржи за себе туку ќе ги донира во светската организација за борба против вирусот формирана од нивните играчи Џошуа Кимих и Леон Горецка.

РЕКЛАМИ:
Loading...