Home INFO Ги имате ли овие симптоми? Дали сте зависник од смартфон?

Ги имате ли овие симптоми? Дали сте зависник од смартфон?

реклама:G Natural

Во денешното модерно време, смартфоните се технолошкиот еквивалент на дрога.

Како и секоја дрога, така и мобилните телефони може да предизвикаат зависност.

Мобилните телефони се секогаш овде кога ни се потребни, а ова можеби треба да биде причина за загриженост.

Зависноста од смартфоните може да ве оддели од семејството, негативно да влијае на вашата кариера, да ви предизвика стрес и да им наштети на вашите врски.

Според едно истражување од САД, 90% од корисниците на смартфони претерано ги употребувале своите уреди. Од нив, 10% до 12% биле дијагностицирани со зависност. Други податоци кои се добиле со истражувањето се:

70% од луѓето го проверувале својот телефон 1 час по будењето.
56% го проверувале својот телефон барем 1 час пред спиење.
51% од испитаниците постојано го проверувале телефонот додека биле на одмор.
44% изјавиле дека чувствувале анксиозност ако го загубеле телефонот и ако не можеле да го заменат во рок од една недела.

Доколку ова ви е познато, посветете внимание и на симптомите кои укажуваат на зависност од смартфон.
Можеби и вие сте станале зависни.

– Поминувате повеќе време на вашиот смартфон отколку што мислите, или пак го поминувате секој слободен момент со смартфонот наместо да правите нешто продуктивно.
– Поминувате повеќе време пишувајќи пораки на телефон отколку разговарајќи „во живо“.
– Одговарате на пораките постојано, дури и ако тоа ве прекинува во некоја работа.
– Тајно посакувате да сте помалку приврзани за вашиот смартфон.
– Се чувствувате неудобно ако го заборавите телефонот или ако го изгубите.
– Имате силна потреба да го проверите вашиот смартфон секогаш кога ќе слушнете дека ви стигнала некоја нотификација.

Совети:

Обидете се да му одолеете на искушението да го проверите телефонот секогаш кога ќе ви стигне нотификација.

Дајте си задача да не го проверувате телефонот во одредени ситуации, како љубовни состаноци, семејна вечера, возење, или пак во одреден дел од денот.

Избришете ги апликациите кои не ви се приоритет.

Искористете ја функцијата Airplane Mode. Ова е брз и едноставен начин да ги исклучите нотификациите.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------