Додека фолк ѕвездата од соседството, Дарко Лазиќ се опоравува од сообрќајната несреќа која ја имаше пред околу две недели, неговата сеуште законска сопруга проживува вистинска драма.
Имено во медиумите се појавија шпекулации дека Ана Севиќ од осигурителна компанија барала исплата на пари за сообраќајната незгода на Дарко кои би ги присвоила за себе.
Но како што пишува магазинот Ало, приказната е сосема поинаква, а шпекулациите видно ја потресле Ана.
Уште пред неколку години, пред да се раздели со Дарко, Ана уплатила животно осигурување за нив и за ќеркичката Лорена.
Кога дознале за несреќата, лица од осигурителната компанија ја контактирале Ана и ја повикале на состанок.
Со оглед дека добиле медицински извештај за состојбата на Лазиќ, каде е констатирано дека во крвта се пронајдени 1.39 промили алкохол но и недозволени наркотици, осигурителната компанија одбила да исплати оштета.
Доколку немал алкохол и дрога во крвта, пејачот би добил околу 65000 евра оштета, пренесува српски Ало врз основа на тврдења на извор близок на семејството на Лазиќ.
Покрај тоа што со години вози без дозвола која му е одземена поради сообраќаен прекршок, Дарко имал преку 50 останати сообраќајни прекршоци за кои никогаш не сносел одговорност.
Како што дознава Ало, мајката на Дарко ја контактирала Ана за да ја праша што се случува со парите од осигурувањето на што Ана и раскажала за причината поради која оштетата нема да се реализира.
Во меѓувреме, мајката на Дарко се јавила кај потстанарката која живеела во станот кој Лазиќ го доби како награда од Гранд Продукција и ја известила дека парите за кирија наместо кај Ана, треба да и ги дава на неа, со образложение дека сега им се повеќе од потребни.
Ова ја шокирало Ана, со оглед на фактот дека Дарко не плаќал никаква алиментација за својата ќерка Лорена.
Единствените средства кои Ана ги добивала од пејачот била токму оваа кирија од станот која изнесувала околу 150 евра.