Home INFO Карлеуша никогаш нема да снима песна со нас, затоа што е стара!...

Карлеуша никогаш нема да снима песна со нас, затоа што е стара! Војна на Твитер меѓу Буба Корели и Јелена (видео)

Instagram
реклама:Велигден со Стаф

Босанскиот рапер Буба Корели јавно ја прозвал Јелена Карлеуша преку друштвените мрежи тврдејки дека тој и Јала Брат никогаш нема да снимат дует со неа, на што Јелена веднаш им одговорила со заедничка снимка која што требало да ја објават.

На Твитер и Инстаграм избила вистинска војна меѓу Буба и Карлеуша.

Тој на Инстаграм напишал:

„Јелена Карлеуша никогаш нема да сними дует со нас бидејки е премногу стара и може да биде само заштитно лице за пелени за возрасни. Ние за неа сме едноставно премногу млади и многу успешни.
Она што би требало да го правиш во животот е да го оставиш микрофонот и да одиш на натпревари да го бодриш сопругот.
Ако е толку совршена и без комплекси зошно не блокираше? Најавувам дека ова е прв и последен пат да зборувам на тема Карлеуша“ – завршил Буба

И како што бива Карлеуша не му останала должна па на Твитер објавила снимка од песната која што ја снимила неодамна со Јала која никогаш не ја објавила.
„Ви благодарам на прекрасните зборови кои ги напишавте во песната, ама навистина не ми се вклопува во плановите! Без лутење, извинете. “ – напишала Јелена

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------