Home INFO Проблеми со законот: Роналдињо остана без пари и пасош

Проблеми со законот: Роналдињо остана без пари и пасош

реклама:

Поради избегнување да плати казна одредена со судска одлука, познатиот спортист се соочува со огромни проблеми.

Јавното обвинителство на бразилската сојузна држава Рио Суи до Гранде наредило одземање на пасошот на Роналдињо и на неговиот брат поради долг од два милиони долари.

Браќата во 2015 година добиле пресуда, според која, треба да платат казна во висина од 2 милиони долари поради уништување на природните добра на Порто Алегро.

Роналдињо и неговиот брат изградиле воденица и магацин на брегот на езерото Гаиба кои се во заштитено подрачје, поради што државата ги тужела.

Двајцата избегнувале да платат казна, и за да си го наплати долгот државата им го ограничи движењето. Нивниот спорен имот на езерото е запленет се додека не ја платат казната. Во решението на државното обвибителство стои дека сметките не им се блокирани бидејќи на нив имало само 5-6 долари.

Освен одземањето на пасошите, бразилската држава издала забрана за издавање нови патни исправи на Роналдињо и Асис се додека не го платат долгот кон државата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------