Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Го сврте лепчето со паричката и проповедаше на Инстаграм, Јелена Карлеуша иако...

Го сврте лепчето со паричката и проповедаше на Инстаграм, Јелена Карлеуша иако не е верник сепак го прослави Бадник (фото)

реклама:ХитКујна канал

Пејачката Јелена Карлеуша иако е атеист и постојано изјавува дека не верува во господ сепак оваа година решила да го крши лепчето заради како што вели своите ќерки.

Таа објави фотографија на својот Инстаграм и во постотт додаде:

„Среќна сум што ги учам децата на традициите на нашиот народ, но исто така и на традициите на Словенија, Хрватска, Босна, Косово, Црна Гора, Австрија. Во нас, тече крвта на сите тие народи. Татко ми е Србин, мајка ми Словенка, еден дедо е од Лика, друг од Словенија, една баба од Босна, друга од Косово, прабаба ми е Австријка .
Тогаш што сум јас?
Јас сум човек. И јас ги сакам и почитувам сите религии и нации . Затоа што кога сè ќе се додаде и одземе, кога има неволја – сите сме исти.
Единствената поделба е во нашите глави.
Затоа, бидете добри луѓе и научете ги своите деца на вистинските вредности. Тие се подобрата иднина“, пишала Јелена.

РЕКЛАМИ:„НА ТЕПКА“ он-лајн квиз шоу
Loading...