Home INFO Го зајакнува имунитетот и спречува тешки болести: Ова е најдобриот антиоксиданс

Го зајакнува имунитетот и спречува тешки болести: Ова е најдобриот антиоксиданс

реклама:G Natural

Антиоксидансите се природни материи во храната, кои го чуваат здравјето и го штитат организмот од слободни радикали.

Тие се посебно важни за нашиот имун систем и сосема е јасно дека треба да се внесуваат во што поголема количина.

Колку ни е посилен имунитетот, толку повеќе сме отпорни на настинки, вируси бактерии, но и тешки болести како што е рак.

Истражувањата покажале дека во кафето се наоѓаат голем број на антиоксиданси. Сепак, лоша вест е што научиците и понатаму го бараат најдобриот начин да ги одвојат антиоксидансите од кафето и да ги искористат на најдобар можен начин.

Познато е дека кафето е и диуретик и дека ја ослободува водата од организмот.

Кафето, исто така, се наоѓа и на списокот на намирници кои се борат против канцер поради високата количина на антиоксиданси. Различни студии го поврзаа кафето со намален ризик од добивање на рак на црниот дроб, дојка, простата, меланом.

Мажите кои пијат кафе дневно имаат 60% помал ризик да заболат од најсмртоносниот облик на карцином на простатата и за 20% помал ризик од заболување на било кој рак на простатата во споредба со мажите кои не пијат кафе.

Исто така, истражувањата на Универзитетот во Јута покажаа дека конзумирањето на кафе го намалува ризикот од Алцхајмерова болест, рак на вратот и главата и го намалува ризикот од појава на дијабетес.

Сепак, немојте да заборавите да го пиете во умерени количини, а после секоја шоља кафе би требало да испиете најмалку четири чаши вода.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“