Home INFO Гола на МТВ наградите: Меган Фокс шокираше со стајлингот (фото)

Гола на МТВ наградите: Меган Фокс шокираше со стајлингот (фото)

реклама:G Natural

На вчерашното доделување на MTV видео-музичките награди (WMA), сите очи беа вперени во Меган Фокс.

Триесет и пет годишната актерка се појави на црвениот тепих во друштво на својот дечко, музичарот Машин Ган Кели.

И двајцата во периодов го привлекуваат вниманието со своите појави, но овојпат, со својот стајлинг, Меган беше во центарот на вниманието.

Таа се појави во целосно прозирен фустан кој повеќе откриваше отколку што покриваше. Бујното деколте беше во преден план, а нејзиниот дечко не можеше да се одвои од неа.

Фокс и Кели често се мета на папараците, особено поради нивното недолично однесување во јавноста,

Пред врската со музичарот, Меган беше во врска со актерот Брајан Остин Грин, со кого има три деца.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“