Home INFO Гола во метро, Наоми Кемпбел објави роденденска фотографија на својот Инстаграм (фото)

Гола во метро, Наоми Кемпбел објави роденденска фотографија на својот Инстаграм (фото)

реклама:Велигден со Стаф

Светскиот топ модел Наоми Кемпбел повторно покажа дека годините не и можат ништо објавувајки гола фотографија за својот 50ти роденден.

Некогашниот топ-модел, „Црниот пантер“, се соблече за потребите на снимањето во метрото во Њујорк, а сликата е од февруари 2019 година и објавена е во црно-бела резолуција на официјалната инстаграм-страна на Валентино.

Кемпбел во април прослави 34 години од својата кариера во модната индустрија за време на која имала безброј модни ревии, красела повеќе од 800 насловни, гостувала во бројни емисии и видео спотови, а минатата година стана и новото заштитно лице на Шанел.

„Ми рекоа дека ќе траам само 11 години, но еве ме денес славам 33 години во модната индустрија. Се чувствувам благословена и исклучително благодарна на Бога. Благодарам на мојата мајка Валери Морис што веруваше во моите соништа уште како 3-годишно девојче и што ми дозволи да бидам тоа што сум.

Твојата љубов и подршка беа покрај мене и во добрите и во лошите времиња. Те сакам мамо“, напиша Наоми минатата година на друштвените мрежи.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------