Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Градоначалникот на Дубровник доби смртни закани поради концерт на Здравко Чолиќ во...

Градоначалникот на Дубровник доби смртни закани поради концерт на Здравко Чолиќ во Дубровник

реклама:Лето во Банско

Франковиќ објави дека добил анонимна смртна закана поради новогодишниот концерт на Здравко Чолиќ.

„Честитка за добро утро од ‘бранителите’ што немаа храброст да се потпишат“, напиша Франковиќ покрај фотографијата од анонимното писмо.

„Секоја до сега ја пријавував во полиција, па така и оваа, која дојде официјално во општината на Градот Дубровник. Заканата ја објавив јавно зашто треба да се предупреди на одговорноста на оние што се закануваат. Не би рекол дека заканата е мала. Таа е сериозна“, рече тој.

Тој додаде дека има добри односи со бранителската популација и дека не е сигурен дека зад анонимното писмо стои бранител.

„Другар Франковиќ, ние во 1991 година го браневме Дубровник од четниците и србадиите, а ти денес каниш српски пејачи на Страдун како Здравко Чолиќ и други Цеци српски што им пееја на четниците во Пале, сега мислиш дека тешко ќе го зезаш хрватскиот народ. Последна опомена, дека ќе го преораме со динамити целиот Страдун, а тебе ќе те обесиме на јарбол на Страдун“, стои во анонимното писмо, потпишано „Хрватските бранители Тигри и 4-та бригада на Хрватска, 10000 Загреб“ – пишува во заканата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------