Откако се прослави по улогата на „романтичарот“ во истоимената турска серија Џан Јаман ги освои срцата на многу жени во светот.
Иако серијата веќе одамна не се емитува сепак обожавателките го пратат секое негово движење.
Џан направи вистински хаос во Белград и стотици обожавателки го опкружија кога тој шеташе низ Кнез Михајлова.
Aктерот е во посета на Србија заради отворање на нова продавница од позната марка за облека за која е заштитно лице а сето тоа го заврши како што е ред во кафанче…