Популарниот крушевски дедо Ставре Топузовски, кој воедно е и легендарен директор на Музејот на Крушево, преку португалската репортерка Глорија Марија Глобо Репортер која што неодамна беше во Крушево испрати порака до најдобриот фудбалер Кристијано Роналдо.
– Те молам Роналдо, да ми испратиш една твоја голема фотографија оти многу те сакам.
Јас ќе се фалам: Еј, Роналдо ми прати!
Јас ги сакам жените цел век, 90 години, и уште ги сакам. И Роналдо да ги сака.
Жената е благословена од Бога, му порачува легендарниот Топузовски на фудбалската легенда Роналдо.
Во продолжение погледнете ја и слушнете ја пораката од Топузовски на македонски и со превод на португалски.